Северна Кореја го финансира развојот на проектили со криптовалути украдени во хакерски напади

- Advertisement -


Неодамна објавено истражување на ОН покажа дека севернокорејските хакери од 2020 до средината на 2021 година украле милиони долари во криптовалути и тие пари ги искористиле за финансирање на својата програма за развој на балистички проектили, Иако в тоа истражување се споменува цифра од околу 50 милиони долари, тоа се повикува на студјата на компанијата Chainalysis, според која хакери од Северна Кореја во текот на минатата година украле дури 400 милиони долари во дигитален имот.

Во сличен извештај од 2019 година ОН објавија дека Северрна Кореја дотогаш со софистицирани сајбер напади собрала околу 2 милијарди долари кои ги корсит за развој и тестирање на оружје. Иако Собранието за безбедност на ОН во земјата забрани нуклеарни тестирањ и лансирање на балистички проектили, Пјонгјанг редовоно ги прави, а во последно време забележано е и значително забрзување на севернокорејското тестирање на проектили – само минатиот месец биле изведени дури 9 тестирања на проектили.

- Advertisement -

Американската влада најави дека нивниот претставник за Северна Кореја наскоро ќе се состане со претставници од Јапонија и Јужна Кореја за да дискутираат за моменталната ситуација со Пјонгјанг, со кој овие земји не се во добрососедски односи.

(Zimo)

- Advertisement -

(фоот: Quote Inspector)

Сподели!
- Advertisement -