Истражувачи создадоа нов вид на вештачки мускули кои се целосно направени од природни протеини. Тие мускули реагираат на промените во средината, што значи дека може да се контрахираат по потреба и да бидат многу попогодни за импланти, простетички помагала или за роботи.
Иако технологијата за вештачки мускули е многу напредна, најчесто тие се премногу вештачки, направени од пластика, најлон, гума, карбонски наноцевки итн. Тоа можеби е во ред за роботи, но природните протеини ќе ги направат покомпатибилни за користење во човечкото тело.
За новата студија истражувачи од Универзитетот Фрајбург создале вештачки мускули кои се целосно на биолошка основа. Тие се направени од еластин, природен протеин кој на ткивата како кожата и крвните садови им ја дава еластичноста. Тимот направил две варијанти на протеинот кои реагирале на различни стимули како флуктуација на температурата и киселост. Тие потоа биле комбинирани во слоеви за да се добие еден мускул кој може да се витка како одговор на некој стимул, и тоа во различни насоки зависно од стимулите.
Крајниот резултат е вештачки мускул кој може да се движи ритмички благодарение на осицилирачка хемиска реакција. Тој процес може да се поттикне со поставување на температурата на 20°C, а промена на pH балансот може да предизвика контракции напред и назад. Циклусот може автоматски да се прекине со промена на температурата. Тоа значи дека мусклите може да се програмираат со менување на нивната структура, па нивното движење може да се постави во одреден правц со примена на некој стимул.
Освен примената во меката роботика или простетиката, научниците велат дека новиот вид на вештачки мускул е биокомпатибилен и може да се прилагоди на посебни ткива и да се корист во телото за импланти или реконструктивна медицина.
Истражувањето е објавено во весникот Advanced Intelligent Systems.
(New Atlas)
(фото: )