New York Times го купи спортскиот портал The Athletic за 550 милиони долари

- Advertisement -

Американскиот дневен весник The New York Times објави дека постигнал договор за купување на спортскиот веб-портал The Athletic по цена од 550 милиони долари.

Основан во 2016 година, спортскиот портал The Athletic ја завршил 2021 година со 1,2 милиони претплатници ширум светот.

- Advertisement -

Купувањето од страна на New York Times не изненадува, со оглед на тоа што американските медиуми веќе подолго време покажуваат интерес за моделот на претплата и бараат начини за зголемување на бројот на претплатници, надвор од својата основа база на читатели.

The New York Times го завршиле третиот квартал на 2021 година со повеќе од 8 милиони претплатници на своите онлајн и печатени изданија. Притоа, весникот има за цел да достигне бројка од 10 милиони претплатници до 2025 година.

- Advertisement -

The Athletic ќе работи како одделно издание на The New York Times, а основачите Алекс Матер и Адам Хансман ќе ги задржат своите позиции и по аквизицијата.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -