Истражувачи од Универзитетот Мичиген постигнаа ново откритие во производството на литиум-јонски батерии. Откриени се сулфурни-јонски батерии кои имаат 5 пати поголема густина од обичните.
Новото откритие ќе бидe помоќна и поодржлива алтернатива за литиум-јонските батерии, кои зависат од неетичкото ископување кобалт и емитуваат голема количина СО2 во воздухот.
Батерииите се направени од рециклиран кевлар. Научниците користеле мрежа од нановлакна на ароматични полиамиди, рециклирани од кевлар, кои типично се користат за производство на панцири. Така ја стабилизирале хемиската реакција меѓу анодата од литиум и катодата од сулфур во батериите, како резултат на која во спротивно би де добил литиум-сулфур, кој би го намалил целосниот капацитет. Нивниот новооткриен метод е објавен во списанието Nature Communications.
Освен подобриот капацитет генерално, научниците велат дека овие батерии може да издржат повеќе од 1.000 циклуси на полнење. Тие проценуваат дека ако нивните батерии се постават во електрично возило, ќе имаат животен век од 10 години.
Истражувачите од Универзитетот Мичиген потенцираат и дека батериите може да се произведат со рециклирање на панцири и на други производи направени од кевлар. Сулфурот е многу полесно да се добие отколку кобалтот, што значи дека нивните батерии може да се направат на поетички и поодржлив начин.
(Interesting Engineering)
(фото: Maxpixel)