Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60 % во однос на Одлуката од 7.2.2022 година.

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 3,904 %, кај дизелот за 2,740 % , кај екстра лесното масло за 2,495 % и кај мазутот за 1,973 %.

- Advertisement -

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува,односно останува на исто ниво.

- Advertisement -

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,046 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,491 ден/кг.

Од 15.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                              82,00              (денари/литар)

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС – 98                             84,00 (денари/литар)

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                        74,00              (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               73,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                        46,491           (денари/килограм)

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,804%  .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.2.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 7.1.2022) се дадени во табела на веб страната на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ www.erc.org.mk.

Сподели!
- Advertisement -