Илон Маск во декември минатата година донирал 5,7 милијарди долари

- Advertisement -

Кон крајот на минатата година директорот на Програмата за храна на ОН, Дејвид Бисли, во интервју изјави дека со само 2% од своето богатство Илон Маск мое да ги спаси животите на 42 милиони луѓе. Со оглед на тоа дека Маск е најбогатиот човек на светот, 2% од неговото богатство е голема бројка и би изнесувала околу 6 милијарди долари.

Маск реагираше на тие негови зборови и на Twitter напиша дека веднаш ќе продаде дел од акциите во Teslа ако од Програмата му објаснат како со неговите 6 милијарди долари ќе го решат проблемот со гладот во светот. На средината на декември минатата година Бисли објави детален план во кој објасни како парите од Маск може да им помгонат на луѓето на кои најмногу им требаат. За темата Маск и гладот во светот не се зборуваше многу во јавноста, но изгледа дека најбогатиот човек во светот навистина одлучил да и помогне на таа програма на ОН и да спаси милиони луѓе.

- Advertisement -

Тој за тоа не се пофали никаде, ниту тоа го споемнаа од ОН, но според податоците на американската Комисија за хартии од вредност и берзи, Маск во текот на декември минатата година продал акции во Teslа во вредност од 5.7 милијарди долари и ги донирал тие пари.

Првата донација е уплатена само 3 дена откако Бисли објасни како парите на Маск ќе помогнат во борбата против гладот во светот, што сугерира и каде завршиле парите на Маск. Новинари ја контактирале Порграмата за храна на ОН, но од организацијата не сакале да ги потврдат наводите за донациите на Маск затоа што нивната политика е таква што за донациите може да зборуваат само луѓето што ги донирале парите.

- Advertisement -

(Mashable)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -