Белгијците наскоро наместо да работат пет, ќе работат четири дена, ако биде усвоен пакетот економски мерки кои ги предложи владејачката коалиција. Министерката за труд, Петра се Сутер од партијата на Зелените, вели дека тие одредби нема да се однесуваат на сите вработени во јавните служби.
Според предлог-реформите, компаниите можат да одбијат барање од вработените за скратена работна недела и да работат ист вкупен број часови. Но, работодавците ќе мора да го образложат тоа во пишана форма.
Премиерто на Белгија, Александер де Кру, изјави дека целта на мерките е реформа на пазарот на труд, вклучувајќи и нови правила за работа ноќе, односно да се создаде подинамилна и поипродуткивна економија.
„Ако ја споредите нашата економија со другите земји, честопати ќе видите дека сем далеку помалку динамични. После две тешки години, пазарот на труд еволуираше. Со овој договор поставуваме мерки за добра економија“ вели Де Кру.
Четиридневната работна недела беше тестирана на Исланд од 2015 до 2019 година, а оттогаш досега 85%од работоспособното население во земјата избра да работи така.
Де Кру вели дека неговата администрација треба да ги поттикне луѓето да работат затоа што само 71,4% од вработените луѓе во Белгија се на возраст од 20 до 64 години, што е 10% помалку во споредба со Холандија и Германија.
Де Кру додава дека поголемата слобода на луѓето е клучна за зголемување на стапката на вработување, а строгите правила кои се на сила долго време се на мета на реформата. Од компаниите со 20 или повеќе вработени се очекува на својот персонал да му ја поонудат опцијата да се дисконектираат после работно време. Тоа значи дека не мора да одговараат на телефон или на имејл од 23 часот до 5 часот наутро.
Вработените ќе можат и да бараат да го сменат работното време од недела во недела и за тоа ќе мора да добијат образложен одговор од работодавците. За тие што ги менуваат смените ќе мора да го знаат распоредот една недела однапред.
Пилот-проектот за четиридневна работна недела во Велика Британија ќе почне во јуни годинава. За тоа досега се пријавиле 30 компании. Шестмесечната пограма ќе им овозможи на компаниите да работат 32 часа неделно, а примањата и бенефициите ќе останат непроменети.
Слични проекти треба да почнат и во САД и во Ирска, а планирано е да се тестираат и во Канада, Австралија и Нов Зеланд.
(Bizlife)
(фото: Pxhere)