Почна тестирањето на социјалната мрежа на Доналд Трамп

- Advertisement -

Откако Доналд Трамп беше исфрлен од Facebook, Twitter и YouTube, поранешниот американски претседател одлучи да направи соопствена социјална мрежа, на која нема да има цензури и забрани. Минатата година ја најави својата платфрома Truth Social, а тестирањето на истата почна неделава.

Според достапните информации, моментално платформата е отворена за околу 500 корисници и идниот месец можеме да го очекуваме и опфицијалното лансирање.

- Advertisement -

Една од првите објави на мрежата ја објави, се разбира, Доналд Трамп, кој напиша „Подгответе се! Вашиот омилен претседател наскоро ќе ве види“, а видео од екранот со таа објава на својот профил на Twitter сподели неговиот син.

Truth Social ја стартуваше новата компанија на Трамп, Trump Media & Technology Group (TMTG), a основната цел на платформата е да овозможи искуство без цензура. Допрва треба да видиме во пракса што значи тоа затоа што некои медиуми се прашуваат дали ако нема цензура и надзор над содржините кои се објавуваат, апликацијата на Трамп ги крши правилата на користење Apple и Google, односно нивните мобилни оперативни системи.

- Advertisement -

Ако Truth Social е наменета за сите, јасно е дека ќе биде најпривлечна за конзервативците и приврзаниците на Трамп од десните партии. Една од личностите кои доби покана за тестирање на мрежата е Лиз Вилис од Right Side Broadcasting Network, а иста покана доби и Вејн Дупре, кој води познат конзервативен подкаст.

Според првичните впечатоци на луѓето кои ја тестираат мрежата, таа е слична на Twitter – може да се следат корисници, да се објавуваат „вистини“, да се споменуваат други корисници во објавите , а во иднина корисниците ќе добијат и можност за испраќање директни пораки.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -