Егзопланетата WASP-121b, која се наоѓа на оддалеченост од околу 900 светлосни години од Земјата, е усвитена егзопланета која има форма слична на јајце. Температурата на дневната страна на планетата достигнува и до 2.540 степени Целзиусови. Тоа е толку висока температура што елементите од тешките метали, како железо и магнезиум, постојат како гасови и постојано излегуваат од атмосферата во вселената.
Во нова студија објавена во списанието Nature Astronomy астрономите го споделија своето мислење за првиот поглед на темната страна од планетата со помош на телескопот Hubble на НАСА.
Телескопите во Јужноафриканската астрономска опсерваторија ја открија WASP-121b уште во 2015 година. Станува збор за планета која е малку поголема и потешка од Јупитер и се наоѓа на работ на гравитациската сила на нејзината матична ѕвезда, позната како WASP 121.
Таа планета прави целосна орбита околу матичната ѕвезда секои 1,3 дена, што значи дека едната страна постојано е облеана со ѕвездена светлина, а другата постојано гледа во темницата на космосот.
Ова е еден од најесктремните системи што ги имаме, вели Бен Монтет, астрофизичар од Универзитетот Нов Јужен Велс, кој не учествувал во студијата. Тој напоменува дека топлата страна на планетата е потопла и од некои ѕвезди.
Новата студија открила дека промената на температурата од ден во ноќ вблијае на елементите кои летаат околу горните слоеви на планетата. Откриле дека на ноќната страна температурата се спушта до околу 1200 степени Целзиусови, што од наша перспектива е многу, но тоа е многу ладно во споредба со топлата страна.
Откриле и дека на ноќната страна веројатно има егзотични облаци од железо и титаниум, како и корунд, односно истиот материјал кој се наѓа во рубините и сафирите на Земјата. Тие облаци се наоѓаат во многу непријателска средина каде што кондензираат и предизвикуваат нешто слично на дожд. Сите тие егозтични споеви паѓаат на тлото во форма на течна верзија од рубини и сафири.
(CNET)
(фото: Wikimedia)