Фондацијата Метаморфозис ги повикува сите заинтересирани студенти, стартап компании од областа на ИТ и сите ИТ ентузијасти да се пријават за учество на третото издание на Хакатонот за отворени податоци.
Хакатонот е четиридневен натпревар на кој учесниците треба да создадат креативно решение што ќе овозможи промовирање на концептот за отворени податоци. Негова основна цел е доближување на отворените податоци до граѓаните и нивно прикажување на едноставен и иновативен начин.
Хакатонот ќе се одржи од 24 до 27 март, а истиот се организира во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество. Право на учество имаат тимови составени од студенти или стартап компании од областа на ИТ. Неопходно е членовите на секој тим да имаат знаења од програмирање, дизајн, економија, маркетинг и слични области. Еден тим може да биде составен од најмалку тројца членови, а најмногу осум, додека едно претпријатие може да пријави само еден тим.
Победникот на Хакатонот ќе добие финансиска поддршка во вредност од 3.000 долари, наменети за комплетирање на демо верзијата во функционална апликација.
Сите информации за Хакатонот се достапни на следниов линк, додека заинтересираните можат да аплицираат со пополнување на овој формулар.