Како ќе се одрази руско-украинската криза врз глобалниот недостиг на чипови?

- Advertisement -

Освен со пандемијата на корона вирусот, светот изминатите неколку години се соочи со други кризи, како што е пореметувањето на синџирите за снабдување и недостигот на чипови. Со оглед на тоа дека сега сведочиме на нова криза, која е невозможно да се предвиди колку време ќе трае и каков ќе биде исходот, се поставува прашањето дали руската инвазија на Украина ќе нанесе нов удар на глобалниот пазар на чипови.

На тоа прашање одговор даваат новинарите на Reuters, кои контактирале многу производители на чипови и експерти и изгледа дека новата криза краткоторчно не би требало значајно да влијае на снабдувањето со чипови. На долг рок постои загриженост.

- Advertisement -

Големите производители на чипови навреме се снабдиле со доволна количина компоненти, но ги прошириле своите синџири за набавка за да се осигураат во случај на руско-украинска криза која би траела со месеци.

Она што е битно да е нагласи е дека Украина им испорачува на САД над 90% од неон, хемискиот елемент кој е најбитен за ласерите кои се користат за производство на чипови. Според JPMorgan, конфликтот од големи размери, кој би влијаел на извозот на тие елементи, може да остави голема трага на најголемите играчи како што е Intel, кој 50% од неон добива од Источна Европа. Исто така, 35% од американскиот паладиум, кој меѓу другото, се користи во сензорите и во меморијата, доаѓа од Русија. Според извори на Reuters, производителите на чипови нема да го почувствуваат директното влијание на оваа криза, но затоа ќе го почувствваат компаниите кои им испорачуваат компоненти од Русија и од Украина, што на крајот може да ја зголеми цената на чиповите.

- Advertisement -

Како позитивна страна се наведува тоа дека компаниите денес се подобро подготвени за дисрупции на пазарот, што би требало да го ублажи влијанието на оваа криза. Белата куќа, подготвувајќи се за најлошто сценарио на кое сме сведоци сега, уште порано ги предупреди производителите на чипови да најдат алтернативни доставувачи на клучни материјали за да не зависат од Русија. Исто така, почнале и со диверзификација на набавката на компоненти поради американско-кинеската трговска војна.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -