Филип Морис престанува да произведува цигари, ќе ги усовршува алтернативните Heets

- Advertisement -

Најпознатиот светски произведувач на цигари Филип Морис интензивно работи на иднина без дим од цигари. Во блиска иднина оваа фабрика планира целосно да престане да произведува цигари, а на корисниците им нудат потенцијално помалку штетна алтернатива наречена IQOS.

Се работи за технолошка новина која би требало целосно да ги промени животите на пушачите. Планот е на начин тутунските вметнувачи, брендирани под името Heets, да се вметнат во електронски уред за греење на тутун, медиумите пренесуваат дека во фабриката на овој револуционерен производ, во кој американската компанија вложила милијарда долари. Инаку Филип Морис 2016 година ја заклучи со приходи од 74,95 милијарди долари и нето добивка од 6,97 милијарди долари и додека паѓа продажбата на класични цигари, бележи голем раст на продажбата на уметничките Heets.

Во IQOS станува збор за стандарден, набиен тутун во цигарче од 1-2 сантиметри, обвиен во метална мрежа па во ризла, а се става во муштикла која го загрева но не го гори тутунот. Со други зборови, се затоплува на ниво кое го ослободува никотинот но не и штетните материи во тутунот.  Притоа, пушачот не испушта чад од цигари, туку водена пареа, како кај електронските цигари со масло. Цигарата трае 6 минути или 14 потегнувања.

- Advertisement -

Како што истакнуваат во Филип Морис, предност на овој производ е во тоа што не чади и при тоа не создава непријатен мирис кој останува на облеката и телото и не произведува пепел.

Филип Морис во развој на производ кој би требало да биде помалку штетен од класичните цигари вложи повеќе од три милијарди долари од 2008 година.

- Advertisement -

Компанијата е целосно предадена на развој на овој производ кој би требало да биде значајно повеќе user friendly отколку што тоа беа е-цигарите, кои не се прифатени во поширокиот круг на потрошувачи, но и покрај тоа и понатаму се дел од портфолиото на Филип Морис производ кој потенцијално намален ризик.

Сподели!
- Advertisement -