Безбедносната состојба во земјава стабилна, не очекува неизвесна година на економски план

- Advertisement -

Безбедносната состојба во земјава е стабилна и во моментот не постои директна закана. На највисоко ниво е подигнато нивото на заштита, а се очекува засилување на опасноста од кибер напади по нападот на Русија врз Украина. Внимателно се следи состојбата во Украина, уверува државниот врв во земјава.

Предизвикот кој стои пред земјава е повеќе од економска природа, која е од глобални размери, но од Владата уверуваат дека се подготвени и дека ќе одговорат соодветно со цел да се намали притисокот врз граѓаните, домаќинствата и стопанството

- Advertisement -

Државниот врв и вчера со осуда за воената агресија на Русија врз Украина и апел да се прекинат воените дејствија.

– Сведоци сме на немили настани кои сметавме дека се далеку зад нас, и кои верувавме дека никогаш нема да се повторат на нашето европско тло. Воената агресија на Русија против Украина која веќе однесе многу човечки животи е чин кој силно го осудуваме. Тоа е кршење на меѓународното право и е закана за евроатланската безбедност. Уште еднаш сакам да посочам дека заедно со сојузниците бараме итен прекин на воените дејствија. 21-иот век треба да е век на дијалог, не на војни, порача премиерот Димитар Ковачевски во вчерашното обраќање до јавноста.

- Advertisement -

На македонските граѓани им порача да бидат спокојни бидејќи нема опасност по безбедноста на нашата држава.

-Иако нашата желба е да се избегнат ситуации како оваа, сепак, во вакви услови на голема безбедносна дестабилизација, сфаќаме колку е значајно, да сме дел од најмоќниот воено-политички сојуз. Затоа, ве уверувам, нашата земја е безбедна, рече Ковачевски.

Сподели!
- Advertisement -