Технологијата избриша многу традиционални работни места, особено во производството а наскоро и во услугите. Паралелно, се разви економијата на креатори, каде што луѓето најдоа начин да заработат пари преку промоција на своите таленти или знаење.
Со години, голем број на организации гледаа на социјалните мрежи со скептицизам. Некои од нив дури и не им дозволуваа на вработените да пристапат до платформите во текот на работните часови.
Реалноста е дека социјалните медиуми се неизбежен дел од секојдневниот живот, особено во време на пандемија и брзиот раст на економијата на креатори. Затоа, компаниите треба да ја искористат таа “зависност” од социјални мрежи во своја полза.
Извор – Медиа Бреинстер, веб сајт на Некст Колеџ
Кои се можностите за компаниите и креаторите од економијата на креирање?
1. Социјалните медиуми се достапни насекаде
Статистиката покажува дека над 6 милијарди луѓе користат паметни телефони, а речиси 4 милијарди од нив се активни на некој од социјалните медиуми.
Оваа достапност му овозможува на секој корисник да креира содржина и да ја објави за светот да ја види, па дури и да профитира покажувајќи го своето знаење или талент.
Од друга страна, компаниите можат да го искористат тоа во своја полза – да ги најде оние креатори што најмногу резонираат со нивната таргет публика и да им понуди соработка.
Платформите како Instagram, TikTok и Facebook, развија функции што им асистираат на креаторите на содржини да заработат пари, а со тоа паралелно им помагаат на брендовите да го промовираат својот производ или услуга до посакуваната публика.
2. Креативни можности за соработка
Откако креаторите на содржини ќе постигнат значителен број следбеници во одредена индустрија, компаниите го гледаат тоа како рекламен потенцијал.
Како резултат на тоа, креаторите имаат бројни можности како договор со брендови, соработки, па дури и опција за започнување сопствен бизнис.
3. Лесна достапност до таргетираната публика
Креаторите знаат како да допрат до публиката до која некои од големите компании се борат да стигнат.
Креаторите поминуваат голем дел од времето токму на социјалните медиуми проучувајќи го јазикот, хуморот и начинот на комуникација, со фокус на својата целна публика.
Паралелно, социјалните платформи овозможија брзо ширење на информации до милиони луѓе одеднаш, што само ја олеснува работата на креаторите и компаниите со коишто имаат соработка.
Партнерство со креатор на содржина – кога е вистинскиот момент за тоа?
Ова се прашањата што треба да си ги постави една компанија за да одреди дали партнерство со одреден креатор е вистинскиот потег:
- Дали креаторот создава содржина што е интересна за публиката?
- Дали оваа личност има силна врска со одредена публика?
- Кој е нашиот буџет за оваа маркетинг кампања?
- На кој начин ќе му надоместиме на креаторот за својата активност? Дали тоа ќе биде компензација со подарок/услуга од нашата компанија или со пари?
За да дознаете повеќе за економијата на креатори – https://influencermarketinghub.com/creator-economy/
Извор – Pexels-fauxels