#ИновативностЧита: Tools of Titans – тактики, рутини и навики на милијардерите

- Advertisement -

Авторот на книгава, Тим Ферис, се прослави прво со книгата „4-часовна работна недела“, а за #ИновативностЧита овојпат избравме уште еден од неговите бестселери – „Алатки на титаните“

Она што започнало како правење колекција од навиките и алатките на некои од најуспешните луѓе во светот која ќе биде наменета како личен прирачник, Тим Ферис решил да ја промени својата првична идеја, па советите кои ќе ги собере да ги сподели и со јавноста преку сеопфатна книга. Тој во една прилика ќе изјави дека навиките и рутините на најуспешните кои ги собрал во книгава, му го промениле целиот живот, па се надева дека книгата тоа ќе им го овозможи и на многу други луѓе.

- Advertisement -

„Алатки на титаните“ е всушност резултат од интервјуата кои Ферис ги правел со многу познати и успешни луѓе од бизнис светот за својот подкаст наречен The Tim Ferriss Show. Со книгава издадена при крајот на 2016 година, тој влезе во историјата, бидејќи книгата беше прва ваква книга базирана на подкаст која е прогласена за Број 1 бестселер на листата на книги на New York Times.

Книгата е поделена на три дела според тематика која секој од деловите ја обработува: здравје, богатство и мудрост. Сигурно веќе претпоставувате дека секој од овие делови е исполнет со интервјуа со познати, успешни луѓе во чиј секојдневен живот ќе добиете увид, односно ќе прочитате како овие лидери постапуваат, делуваат, размислуваат и какви навики имаат.

- Advertisement -

Луѓето чии интервјуа ќе ги најдете во книгата варираат од познати личности како Џејми Фокс и Арнолд Шварценегер, потоа познати спортисти, научници и бизнисмени.

- Advertisement -

„Сите совети кои се дадени во книгава, сум ги тестирал и самиот. Сум искористил некои од тактиките и филозофиите во високо-ризични преговори, во различни околини или во сериозни бизнис зделки. Лекциите кои ги научив од овие луѓе ми донеле пари и среќа во животот, но ме поштедиле и од многу фрустрации.“, ќе напише Ферис.

Летово е одличен период да се посветите на ваква книга, а кога еднаш ќе ја набавите и ќе ја прочитате, цел живот ќе сакате да се навраќате на нејзините страници поради бесценетите лекции кои книгава ќе ви ги понуди.

Сподели!
- Advertisement -