Најголемата руска авиокомпанија ги стопира летовите кон осум европски градови

- Advertisement -


Најголемата руска авиокомпанија Aeroflot соопшти дека поради одлуката на Европската унија за затворање на воздушниот простор за руски авиони ќе ги откаже сите летови кон неколку европски дестинации. Вос соопштението на официјалната страница на компанијата се наведува дека компанијата донела одлука за стопирање на летовите за Словенија, Бугарија, Романија, Латвија, Чешка, Полска, Велика Британија, Ирска и Молдавија.

Исто така, од авиокомпанијата наведоа дека прекинот на летовите ќе трае до почетокот или средината на март, додека некои ќе бидат прекинати до крајот на мај.

- Advertisement -

Стопираните летови од руската авиокомпанија со европските дестинации се следните:

Љубљана (до 26 март)

- Advertisement -

Софија (до 24 мај)

Букурешт (до 26 март)

- Advertisement -

Прага (до 26 март)

Варшава (до 25 мај)

Лондон (до 23 мај)

Даблин (до 23 мај)

Кишњев (до 4 март)

Руската авиокомпанија соошти и дека сите патници кои резервирале летови за тие дестинации имаат три опции: може да им бидат вратени парите, може да го сменат датумот на летот или да изберат друг аеродром.

Да потсетиме, откако низа европски земји во саботата донесоа одлука за забрана на влез на руски патнички авиони во европскиот воздушен простор иста одлука беше донесена и на ниво на Европска унија.

„Пред се, ќе го згаснеме воздушниот простор на Европската унија за руските авиокомпании. Нема да имаат можност да слетуваат, да полетуваат и да ја прелетуваат територијата на Европската унија. Тоа ги вклучува и приватните авиони во сопственост на руските олигарси“ изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -