Отворен повик за 14-то издание на проектот ЛИДЕР: Врвна програма за развој на бизнис и претприемништво во Македонија

- Advertisement -

Македонија2025 го објави отворениот повик за проектот ЛИДЕР, кој по 14-ти пат ќе се одржи од 3-ти до 14-ти мај 2022 година во Скопје. Проектот го реализираме во соработка со Ivey Business School – Western University, кои ја организираат програмата уште од 1991-та година. Оваа програма претставува десетдневна MBA (Management and Business Administration) обука, која ги охрабрува и поттикнува македонските претприемачи да развијат локални бизнис решенија, кои ќе создадат нови можности за социјален и економски општествен развој.  

Преку интерактивни методи на учење со „студии на случаи“, учесниците ќе имаат можност да се стекнат со корисни дополнителни знаења и вештини за секоја фаза од развој на бизнисот, поврзани со изработка на стратегија, финансии, маркетинг, промоција, продажба и развој, како и целосно да го развијат чувството за бизнис. По завршување на предавањата, учесниците ќе имаат можност за индивидуална менторска сесија со некој од инструкторите од Ајви школата и/или ментори обезбедени од Македонија2025. На повикот може да се пријават учесници до 35 години – претприемачи, менаџери, сопственици на компанија, млади професионалци од бизнис сферата и сите кои се заинтересирани да ги продлабочат своите знаења од сферата на бизнисот и претприемништвото.

- Advertisement -

Инструкторите на проектот ЛИДЕР доаѓаат од канадската Ivey School of Business, а на пријавените кандидати ќе им помогнат  да воведат новитети во работењето на нивниот веќе постоечки бизнис или пак да ги претворат своите идеи во успешни бизниси на пазарот. 

Повикот е отворен до 15-ти април 2022 година. Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање ќе најдете на официјалниот отворен повик достапен ОВДЕ.  

- Advertisement -

За сите дополнителни прашања контактирајте нè на office@macedonia2025.com.

За Македонија2025

- Advertisement -

Македонија2025 е меѓународна, независна, непартиска, непрофитна организација. Остануваме посветени на нашата мисија да помогнеме во создавањето на просперитетна економска клима во земјата и „посилна нација”, која ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори. Промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството базирано на вредности.

Сподели!
- Advertisement -