ВИДЕО: Овој скутер на надувување можете да го спакувате во ранец

- Advertisement -

Јапонци претставија скутер на надувување кој е доволно мал за да се чува во ранец. Скутерот Poimo, кој го развија на Универзитетот Токио, може да се надува за околу една минута со електрична пумпа. Креаторите на скутерот велат дека сакале да создадат возило што има минимален потенцијал за повреда во случај на незгода.

Сепак, експертите велат дека допрва треба да се дефинираат правилата кои ќе важат за електричните скутери за таквите возила да бидат безбедни. Скутерот главно е направен од термопластичен полиутеран, кој веќе се користи за производство на продукти од типот на кревети на надувување.

- Advertisement -

Скутерот тежи околу 5,5 кг, но истражувачите се надеваат дека наредните прототипови ќе бидат уште полесни.

„Веруваме дека нашиот систем за мобилност на надувување, кој е различен од постојните системи за мобилност и создава нова врска со луѓето, а тоа ќе биде корисен за градскиот живот во иднина“ вели Риума Нијама, кој е дел од тимот научници од Универзитетот Токио.

- Advertisement -

(BBC)

(фото: YouTubе)

Сподели!
- Advertisement -