Јапонската компанија Toyota беше принудена да го стопира производството на автомобили во своите јапонски фабрики поради напад на главниот доставувач. Според наводите на порталот Nikkei Asia, Toyota била пронудена да го стопира производството во сите фабрики во Јапонија поради нападот на компанијата Kojima Industries Corporation.
Kojima ја снабдува Toyotа со екстерни и интерни делови, вклучувајќи и компоненти за системот за климатизација и управување. Од Toyota велат дека хакирањето не влијаело на самите делови, но од Kojima не можеле да комуницираат со нив, ниту да го следат производството.
За разлика од Toyotа, која за овој сајбер напад не објави ништо на својата веб страница, од Kojima го потврдија хакирањето. „Вистина е дека претрпевме некаков сјабер напад. Уште ја проценуваме штетата и брзаме да го решиме проблемот, со главен фокус на обновување на производниот систем на Тoyotа што е можно побрзо“ изјавија од Kojimа за Nikkei.
Според извештајот, нападнати се уште два партнери на Toyota, Hino Motors и Daihatsu Motor. Засега уште не познато од каде дошол нападот и кој вид на злонамерен софтвер се користел, а од Toyota не откриваат ни кога ќе продолжи производството на автомобили.
(Vidi.hr)
(фото: Wikimedia)