IBM направи микрочип со кој баериите на телефоните ќе траат 4 пати подолго

- Advertisement -

Компанијата IBM објави дека го развиле најмалиот и најмоќчен микрочип во светот. Како што наведуваат во соопштението, станува збор за микрочип од само 2 нанометри.

Имено, повеќето компјутерски чипови имаат 10 или 7 нанометри, додека некои компании прават и микорчипови од 5 нанометри. Новиот микрочип на IBM е голем чекор напред и може да се користи за напојување на различни уреди – од паметни телефони до суперкомпјутери.

- Advertisement -

Доректорот на Одделот за истражување на IBM, Дарио Гил, изјави дека има многу малку технолошки достигнувања како нивното. Подобрувањето на овој микрочип е постигнато со зголемување на бројот на транзистори кои се наоѓаат на самиот чип, а без да се зголемат димензиите на самиот чип. Овој микрочип има големина на еден нокт и на него се наоѓаат 50 милијарди транзистори, тврдат од IBM.

Со тоа е овозможено проширување на употребата на вештачка интелигенција. Дарио Гил образложи дека што конкретно ќе значи овој микрочип. „Со оглед ан тоа дека имаме подобри транзистори и дека имаме повеќе транзистори на чипот, тоа ќе придонесе да имаме подобри мобилни телефони, подобри автомобили и подобри компјутери“ објасни Гил.

- Advertisement -

Се очекува дека овој микрочип ќе има подобри перформанси за 45% и дека ќе троши помалку енергија за 75% во однос на микрочиповите со големина од 7 нанометри. Тоа веројатно ќе значи и дека батериите на мобилните телефони ќе траат четири пати подолго.

Веројатно масовното производство на овој микрочип ќе почне на крајот на 2024 година или на почетокот на 2025 година. Тоа ќе овозможи IBM да развива нови производи, а најавата за новиот чип следува откако американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе обезбеди 50 милијарди доласи за развој на чипови во САД, пренесува CNN.

- Advertisement -

(CNN)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -