Facebook настана како студентски проект кој прерасна во најголемата социјална мрежа во светот, но кога Facebook посака да се врати на своите корени и да направи социјална мрежа наменета само за студенти, тоа и не им појде од рака.
Така, од Facebook објавија дека ќе ја згасната својата социјална мрежа Campus, која беше стартувана есента 2000 година. Станува збор за социјална мрежа во рамките на Facebook, која беше отворена само за луѓето со имејл адреса на факултет. Беше замислена како приватна мрежа на која студентите ќе можат да разменуваат информации со други студенти, да добиваат информации од факултет, но и да се забавуваат. Но, Campus не ги исполни очекувањата на Facebook и ќе биде згасната на 10 март.
Facebook корисниците на Campus ги извести со порака дека после 10 март сите нивни профили, објави и други податоци кои ги објавиле на Campus ќе бидат избришани. Корисниците кои сакаат ќе можат да ги преземат своите податоци на своите компјутери.
„Откако ја стартувавме Campus како пилот програма, нашата мисија беше да ја зближиме заедницата. Но, сфативме дека најдобро е да го направиме тоа преку групите на Facebook“ се вели во пораката.
Во текот на пилот програмата биле вклучени 204 американски факултети, кои сега се известени за гаснењето на мрежата. Од Facebook никогаш официјално не објавија колку корисници има Campus, но изгледа дека немало доволно за да се оправда постоењето.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)