Дигиталната инфлуенсерка Ксенија Чуми е новата говорничка на Spark.me 2018 конференцијата

- Advertisement -

Организацискиот тим на Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во југоисточна Европа, која ќе се одржи од 26 до 27 мај во Будва (со серија специјализирани работилници закажани за 25 мај) и чиј генерален спонзор е m:tel, го објави името на новиот главен говорник на Spark.me 2018 конференцијата. Се работи за Ксенија Чуми, дигитална инфлуенсерка во областа на високата мода со преку 7 милиони следбеници на социјалните мрежи, интернет претприемачка и говорничка кој живее во Лондон.

Чуми е од Швајцарција но со руско потекло и течно говори шест јазика – италијански, руски, англиски, германски, француски и шпански. Откако дипломирала на економија, поради својот претприемнички дух ја одбила понудената работа во банката J.P. Morgan и решила да развие свој интернет магазин – Chicoverdose.

- Advertisement -

Таа е дигитална амбасадорка и има соработувано со брендови како Ferragamo, IWC, Bulgari, American Express, Rolls Royce, Tod’s, Hogan, Tom Ford, Vodafone, Sky и Huawei. Редовно снима модни едиторијали за магазини како L’Officiel, Vanity Fair и Elle. Неодамна одржа три TEDx говори, а има зборувано и пред Обединетите нации. Чуми има околу 6 милиони следбеници на Facebook и 1,3 милиони следбеници на Instagram.

Организаторите на Spark.me претходно ги објавија имињата на девет главни говорницина конференцијата – Марк Шејфер, кој е еден од водечките светски стратези во областа на маркетинг на социјалните медиуми; Мајк Масимино, поранешен НАСА астронаут, професор на универизитетот Колумбија и познато ТВ лице кое шест пати се појави во хит серијата „Теоријата за големата експлозија“ (The Big Bang Theory); Денис Ли Јон, експерт во областа на брендирањето, консултанка и авторка на неколку бестселери; Итај Талгам, првиот израелски диригент кој настапи со Филхармонијата од Санкт Петерсбург, тренер за лидерство и TED говорник; Бојд Малтерер, поранешниот главен инженер за Xbox играчката конзола кој ги основаше Xbox Live и XNA сервисите; Дираж Мухержи, коосновачот на Shazam; Дејв Бирс, основач на дигиталната маркетинг консултантска куќа чии клиенти биле Google, BBC, ESI Media, Sky; Кери О’Шеј Горгон, која е директорка за стратегии во MarketingProfs – водечки извор на информации за повеќе од 600.000 маркетинг професионалци ширум светот и водителка на Marketing Smarts подкастот; Џон Буркхарт, наградуван предавач, специјалист за областа содржински маркетинг и коавтор на книгата „Newsjacking: The Urgent Genius of Real-time Advertising“ и Мет Дезмије, стратег кој им помага на брендовите и организациите да станат познати, да го зголемат бројот на купувачи и да развиваат производи за 21. век. Во наредниот период ќе бидат објавени и имињата на останатите говорници на конференцијата.

- Advertisement -

Билетите за конференцијата Spark.me 2018 можат да се купат на официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me. Целосната цена на билетот е 300 евра, но сите заинтересирани можат да го набават својат билет и по промотивна цена од 150 евра до 18 февруари. Овој билет вклучува пристап до сите предавања на 26 и 27 мај, сите работилници на 25 мај, на стартап натпреварот од 26 до 27 мај, ручек во хотелот Медитеран на база на шведска маса за двата дена на конференцијата, освежување на сите кафе паузи во текот на целата конференција, како и коктел прием на 26 мај. Во цената на билетот не е вклучен превоз и сместување.

- Advertisement -

Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење, во понудата има и студентски билети наменети за средношколците и редовните студенти, постдипломците и докторантите помлади од 27 години, чија цена изнесува 50 евра. Купените билети можат дополнително да се пренесат и на друг учесник односно да се промени името, но парите не можат да се рефундираат.

Конференцијата Spark.me ќе се одржи по шести пат во хотелот Медитеран во Будва, Црна Гора. Во склад со желбата секоја година дополнително да се збогатува програмата, организацискиот тим на конференцијата за учесниците подготви и серија бесплатни работилници од областа на маркетинг и претприемништво кои ќе се одржат на 25 мај во хотелот Медитеран.

Организатор на Spark.me конференцијата е компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годишно во Будва. Spark.me им нуди можност на учесниците да научат за актуелните трендови во областа на маркетингот, технологијата и бизнисот од светски познати експерти и да остварат контакт со преку 550 учесници на конференцијата од повеќе од 20 држави во светот меѓу кои ќе се најдат и лидерите од бизнис светот, светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење.

За повеќе информации околу Spark.me, посетете ја официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme , профилот на Twitter twitter.com/sparkdotme, како и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.

 

Сподели!
- Advertisement -