Цените на гасот за Европа достигнаа нов рекорд затоа што санкциите на ЕУ за Русија може да ја засегнат и трговијата со гас, а некои бродови кои носат течен гас за Европа веќе го сменија правецот на движење.
Велика Британија во понеделникот нареди на сите руски бродови да им биде блокиран влезот во пристаништата, додека претставници од некои од 27-те земји-членки на ЕУ изјавија дека се размислува за блокада на руските бродови.
Европскиот парламент во вторникот повика ЕУ да ги затвори своите пристаништа за руски бродови и за сите бродови кои доаѓаат или одат за Русија. Иако Парламентот не ги воведе официјално тие санкции и одлуката не беше обврзувачка, трговците изјавија дека има заострување на мерките за тргување со Русија, која снабдува 40% од природниот гас во ЕУ.
Не сите земји се снабдуваат со гас директно од Русија, но Германија, на пример, која најголем потрошувач на рускиот гас, сега добива помалку гас од Русија и мора да се снабдува од други извори, како, на пример, од Норвешка. Тоа, пак, ќе има мултипликативен ефект врз другите земји кои купуваат гас од Норвешка.
Како што велат експертите, скокот на цената на гасот не е последица на немањето доволно резерви туку на ризикот европските санкции да ја засегнат трговијата на гас со Русија.
Сепак, и покрај војната која се води меѓу Русија и Украина не ја спречи физичката достава на гас од Русија за Европа преку гасоводите. Дури достава на гас кој во Европа доаѓа преку цевководот кој поминува низ Украина оди непречено. Но, трговците и аналитичарите велат дека како што ескалира војната и санкциите се зголемуваат шансите за пореметување на доставата на гас, а токму тој факт ја дига цената на гасот на рекордни нивоа.
(Reuters)
(фото: Pxhere)