TikTok го стопира преносот во живо и новите содржини во Русија

- Advertisement -

Видеоапликацијата TikTok го стопираше преносот во живо и новите содржини на својата платформа во Русија, додека размислуваат за безбедносните импликации на новиот закон кој му се заканува со затвор на секој за кого властите сметаат дека ширел лажни вести за оружените напади.

Од платформата велат дека тоа нема да влијае на нивната услуга на разменување пораки во апликацијата.

- Advertisement -

„Ќе продолжиме да ги проценуваме околностите кои се развиваат во Русија за да утврдиме дали можеме да продолжиме со нашите целосни услуги, ставајќи најголем приоритет на безбедноста на луѓето“ велат од TikTok.

Се проценува дека во Русија има 70 милиони корисници на TikTok месечно, но тамошните програмери стартуваа конкурентска пликација.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -