Најтрофејниот спортист на Македонија во мотокрос трки, доби подарок мотор за новата сезона

- Advertisement -

Брзината како стил на живот, a животот како во молскавичен сон.Таков е животот на најтрофејниот мотокрос натпреварувач во историјата на Македонија.Христиан Кико Илиоски.Вози од својата 7 година и има освоено над 200 пехари, 30 медали и две златни кациги, што значи дека во два наврати во континуитет од три години бил со шампионски титули.
Тој е единствениот Македонец кој застанал на мотокрос стазите на европско првенство и оттаму се вратил трет.Се натпреварувал и на светско првенство во Мотокрос, пласирајќи се во првите 10.
Христиан Илиоски Кико е шампион и легенда во исто време, но направил и на два пати, по три години пауза, затоа што немало кој да го поддржи. 6 години да се направи пауза за една блескава кариера е прилично, а да на станува збор за спортски повреди.Од март оваа 2022 година, позади Христиан застанува СН финансии инвестирајќи во мотор и пратечки профи опрема за неговите трки.

Иницира и поширока акција помеѓу битолските компании за поддршка на овој врвен спортист:
„Оние кои добро ме знаат добро знаат дека сите мои хоби се поврзани со брзина и авантура.Оние кои не ме знаат добро, пак добро знаат дека СН финансии е секогаш со спортистите кои се на врвот. И нивна природно место се пиедесталите.Така го запознав херојот на мотокрос стазите.Тоа е Христиан Кико Илиоски.Стилот на живот на Христијан е брзината и победите.И тука се пронајдовме со него, дополнително.Затоа што СН финансии се познати по брза и ефикасна услуга, но и по победи во она што го работиме, а тоа се бројките во финансиите.Затоа започнува и оваа наша соработка. Христиан ја добива целата наша поддршка како спортски амбасадор на компанијата која ја водам.„-истакна Никола Јошевски генерален директор на СН Финансии.

Мотор КТМ 450 SXF и профи кацига се само прв дел во донацијата за овој спортист. Како и логистичка поддршка за сите негови настапи на натпреварите.
„Денес сум со трема како можеби пред најтешките трки. А имам и причина, ова е најголема донација која досега сум ја добил. Но и среќен, затоа што со овој мотор ќе го подобрам својот перформанс на патеките. Брзина и апдејтирана техника. Сезоната почнува за неполн месец и оваа донација доаѓа во вистинско време„-истакна Христиан Илиоски Кико на церемонијата во Битола каде се означи почетокот на оваа соработката која според најавите ќе трае.

Сподели!
- Advertisement -