Нема повеќе плаќање високи суми во кеш – од 1 јуни ќе се прават готовински плаќања до 500 евра

- Advertisement -

Лани во јули стaпи на сила одредбата на Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам која ја ограничи масималната сума која е дозволено да се плати во кеш на само 2.000 евра. Од јануари годинава таа сума се намали на 1.000 евра, а во јуни годинава тој праг по трет пат ќе се намали на само 500 евра.

Имено, од 1 јуни годинава согласно новата одредба на Законот за спречување на перење пари и финансиски тероризам, во земјата ќе биде забрането готовинско плаќање на стоки и услуги во износ од 500 или повеќе евра во денарска противвредност како една или повеќе очигледно поврзани трансакции.

- Advertisement -

Оваа забрана ќе важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра. Целта на овој закон е да се спречи сивата економија, а граѓаните да можат во кеш да купат само нешто ситно.

Наместо да користат кеш, жителите на Македонија ќе мора да користат платежна картичка или со уплатница да уплаќаат готовина во банка, штедилница или да плаќаат преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Сподели!
- Advertisement -