Amazon го купува познатото филмско студио MGM

- Advertisement -

Од извори запознаени со ситуацијата дознаваме дека Amazon конечно ќе го купи прочуеното филмско студио MGM за 8,5 милијарди долари. Овој нивни потег ќе ја засили конкуренцијата меѓу неговите ривали како што се Netflix и Disney+.

Зделката беше најавена во мај минатата година и доколку навистина се реализира, ќе ја зајакне стриминг услугата на Amazon и ќе привлече повеќе луѓе да се претплатат на Amazon Prime, кој нуди екстра брза достава и ги поттикнува корисниците да купуваат многу почесто.

- Advertisement -

Аквизицијата на MGM на најголемиот онлајн трговец во светот ќе му ги купи и правата над „Џејмс Бонд“, една од најскапите франшизи во историјата на филмот, која на светските благајни заработи 7 милијарди долари.

MGM исто така има и лиценцирани содржини за видеоигри, што ќе му помогне на Amazon да ја развие својата понуда.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: MGM)

Сподели!
- Advertisement -