Државниот обвинител побара од рускиот суд да ја прогласи компанијата-мајка на Facebook, Meta Platforms, за терористичка организација, извести Interfax вчера, еден ден откако компанијата најави дека ќе дозволи повикување на нсилство против руското водство. Обвинителот побара и руската служба која ја надгледува комуникацијата да го ограничи пристапот до Instagram.
Reuters еден ден претходно извести дека Meta Platforms им дозволува на корисниците на Facebook и Instagram во некои земји да поттикнуваат на насилство против Русите и руските војници во контекст на инвазијата на Украина.
Портпаролот на Metа потврди дека Meta привремено ги олабавила оравилата за политички говор, дозволувајќи обхави од типот на смрт за руските окупатори, иако нема да дозволи повици на насилство против руски цивили.
„Не сакаме да веруваме во извештајот на Reuters. Претешко е да се верува во него. Се надеваме дека тоа не е вистина, затоа што ако е вистина тоа значи дека ќе мора да донесеме најодлучни мерки да се стопираат активностите на компанијата“ изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Пешков.
(Zimo)
(фото:Flickr)