Mr Trash Wheel е соларен собирач на ѓубре од река

- Advertisement -

Inner Harbor Water Wheel или Mr. Trash Wheel, како што го нарекува локалното население, е машина која комбинира стара и нова технологија и со помош на моќта на водата и на сончевата светлина го собира отпадот кој се фрла во реката Џоунс Фолс во Балтимор, САД. Машината може да собере дооколу 18.000 килограми ѓубре дневно.

Реката има доволно моќ за да го придвижува тркалото на машината, кое потоа го подига ѓубрето и фрлените остатоци од реката и ги става во огромна кеса. Кога нема доволно проток на вода во реката за да се врти тркалото, соларните панели поставени на машината обезбедуваат енергија за нејзино функционирање. Кога, пак, ќе се наполни кесата со ѓубре, брод доаѓа и го носи ѓубрето, а веднаш се поставува нова.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -