Многу компании во светот реагираат на ситуацијата во Украина со прекин на своите услуги во Русија и испраќање помош за украинските градови и организации. Ним им се приклучи и платформата Viber, која покрена неколку иницијативи за да им помогне на корисниците во Украина, но и на останатите луѓе кои се погодени од војната.
„Стартувавме програма за бесплатни Viber Out повици со помош на која корисниците ќе можат да воспостават врска со кој било фиксен или мобилен телефонски број во 34 земји во светот. Повиците може да се остварат и кога нема интернет во земјата која го прима повикот“, велат од Viber.
Додаваат дека и дека прекинале со рекламни активности во Украина и во Русија за да бидат сигурни дека никој нема да профитира од активностите на нивната апликација во ова несигурно време. Исто така, организирале и четири нови Viber канали во земјите со најголем број бегалци од Украина: Полска, Романија, Унгарија и Словачка. Велат дека главната цел на овие комуникациски канали е преку нив да се споделуваат најбитни информации за регистрација прифаќање, сместување, прва помош и останати теми, Новите канали за бегалците ќе бидат воспоставени во уште неколку европски земји.
„Сакаме јасно да потенцираме дека Viber не споделува и никогаш нема да споделува со владите информации за нивните граѓани и содржините на нивните разговори. Сите приватни и групни пораки и приватни повици на Viber се целосно шифрирани. Никој, па дури ни Viber, не може да ги прочита пораките ниту да ги чуе разговорите. Поради безбедноста на нашите корисници историјата на комуникација не се складира на серверите на Viber. Само корисниците можат да пристапат до историјата на својата комуникација преку личниот уред. Поддржуваме бесплатна комуникација и помагаме во ширењето на вистинитите информации, а веруваме дека Viber им помага на луѓето ширум светот да останат во комуникација со саканите и имаат пристап до јасна слика за настаните во светот околу нив“ се вели во објавата од Viber.
(Zimo)
(фото: Flickr)