Обединетото Кралство нареди да се затворат сите банкомати за криптовалути

- Advertisement -

Сите машини за вадење готовина и купување криптовалути во Обединетото Кралство работат незаконски и мора да бидат затворени, објави Управата за финансиско однесување во земјата, пренесува „Би-би-си“.

Крипто – банкоматите изгледаат како обични банкомати за готовина и им дозволуваат на луѓето да купуваат криптовалути, како што е Биткоин, користејќи ги своите банкарски картички. Но, ниту една компанија која нуди услуги за криптовалути во Обединетото Кралство немала лиценца да работи со крипто-банкомати. Финансиската управа рече дека сите вакви машини мора да се исклучат или во спротивно Управата ќе преземе акции.

- Advertisement -

Според некои податоци, во Обединетото Кралство функционираат околу 80 крипто-банкомати.

„Редовно ги предупредуваме потрошувачите дека крипто-средствата се нерегулирани и ризични, што значи дека луѓето најверојатно нема да имаат заштита ако работите тргнат наопаку…Тие треба да бидат подготвени да ги загуват сите свои пари доколку изберат да инвестираат во нив“, велат од Управата за финансиско однесување на Обединетото Кралство.

- Advertisement -

Управата објави и список со компании кои работеле со криптовалути, но не го регистрирале својот бизнис кај регулаторот за проверка против перење пари. По објавувањето на листата, 110 од овие компании престанале да тргуваат со криптовалути.

Извор – Мета

- Advertisement -

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -