Facebook повторно се најде на удар на ирското надзорни тело задолжено за заштита на податоци и тоа поради прекршок од 2018 година. Како што се наведува во одлуката на регулаторот, Meta е казнета со 17 милиони евра поради дванаесет известувања за повреда на податоци кои телото ги добило во периодот од 7 јуни до 4 декември во 2018 година.
Заклучено е дека Facebook не презел соодветни технички и организациски мерки за да ги заштити личните податоци на жителите на ЕУ. За потсетување, ова не е првата таква казна која ирското тело му ја има одредено на Facebook. Претходно компанијата доби казна поради случајот со Cambridge Analytica, кога податоците на милиони корисници беа споделени со компанија која ги искористувала за креирање таргетирани огласи.
Но, европската најнова казна за Meta не значи многу затоа што знаеме дека претходно во САД поради слични и други прекршоци веќе платија многу повеќе.
(Dnevnik.hr)