ВИДЕО: Женева ја користи водата од езерата за да ги разладува жителите во зградите

- Advertisement -

Женева ја користи водата од езерата за разладување на зградите наместо користење клима уреди, со што се намалува потрошувачката на електрична енергија за 80%.

Швајцарската компанија SIG испумпува вода од длабочина од 45 метри од најголемото европско алпско езеро, каде што водата е ладна во текот на целата година.

- Advertisement -

Водата потоа поминува низ уреди кои ја разменуваат топлината во локалните згради, каде што ја апсобира топлината и ги одржувa зградите ладни. Потоа се враќа со цевки назад во езерото.

Со овој систем се намалува потребата за клима уреди, кои вообичаено трошат многу енергија. На овој систем може да се додадат и топлински пумпи, кои би ги загревале зградите и би ја намалиле емисијата на СО2 за 80%.

- Advertisement -

Засега во оваа шема се вклучени околу 50 згради, меѓу кои се седиштето на ОН, на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Агенцијата за бегалци на ОН.

Планот е до 2035 година да бидат додадени уште 30 км нови цевки, со што годишната емисија на СО2 ќе се намали за 70.000 тони, што е еднакво на загадувањето што го испуштаат околу 7.000 семејства.

- Advertisement -

И канадскиот град Торонто користи сличен систем, со кој се заменети клима уредите во околу 180 згради. Наместо да се користат клима уреди, за разладување се користи водата од канадското езеро Онтарио (која постојано е околу 4 степени Целзиусови).

(World Economic Forum)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -