Ако при логирање на својот Gmail профил на компјутер забележите бел прозорец во горниот десен агол со апел да му се придружите на Google и да донирате за Украина, не се плашете. Не ве хакирале, ниту ќе ви се случи нешто лошо.Од Google едноставо одлучија да бидат проактивни и да ги поттикант своите корисници да се приклучат на донациите и така да го поддржат она што Google веќе го направи во Украина.
Како што пишува на страниците на Google, корисниците се поттикнуваат да донираат за некои од програмите на ОН – УНХЦР, УНИЦЕФ и Светската програма за храна (World Food Programme).
„Војната во Украина создаде хуманитарна катастрофа. ОН предупредија дека бројот на луѓе кои ќе ја напуштат земјата може да достигне 5 милиони во наредните неколку недели и месеци. Нашите тимови деноноќно даваат поддршка на граѓаните во Украина преку нашите производи, одбраната од сајбер напади и пренесување вистинити информации, а истовремено со натчовечки напори се бориме против ширењето дезинформации и лажни кампањи на интернет. За да понудиме директна помош, Google.org и вработените во Google веќе донираа над 25 милиони долари. Придружете ни се и донирајте за тие организации“, се вели во соопштението.
Мет Бритин, претседател на Google Europa, на Twitter појасни дека Google.org ќе одговори на секоја донација за некоја од тие програми со истовремена донација до вкупно 5 милиони долари.
За помалку од 24 часа собрани се над 10 милиони долари помош.Од Google порачаа дека иако нивната акција за донација во иста вредност со донациите од луѓето е завршена.
(Zimo)
(фото: Pixabay)