Јапонци создаваат решение кое ќе овозможи чувство на болка во виртуелниот свет

- Advertisement -

Јапонија има стартап кој планира да овозможи чувствување физичка болка во виртуелниот мета универзум. Ова е само една од многуте компании кои се борат да профитираат со овозможување на искуства од реалниот свет во виртуелните светови.

H2L, компанија поддржана од Sony и основана пред една деценија, направи производ кој има лента за откривање на движењата на човечките мускули, овозможувајќи му на аватарот во мета универзумот да ги имитира движењата на телото и луѓето навистина за почувствуваат присуство и тежина на предмети. Технологијата користи електрична симулација за манипулирање со мускулите на рацете и имитирање на чувства како што е фаќање топка или птица во рака.

- Advertisement -

„Чувството на болка ни овозможува да го претвориме светот на мета универзумот во вистински. И тоа со засилено чувство на присуство и тонење во виртуелниот свет“ изјави Еми Тамаки, извршна директорка и соосновач на компанијата со седиште во Токио.

Тамаки е истражувал во хаптички лаборатории, односно кои се однесуваат на сетилото топир. Нејзината цел е да ги ослободи луѓето од секакви органичувања во смисла на просторот, телото и времето до 2029 година, кога со напредокот на мрежите и електронските уреди се очекува дека производите на H2L ќе имаат безброј примени.

- Advertisement -

Компанијата на Тамаки е една од повеќето јапонски компании и инвеститори кои работат на се побледата граница меѓу реалниот свет и универзумот. Многу големи технолошки компании инвестираат во овој сектор. Така, неодамна Facebook се преименува во Meta. Споре динформациите, 10 најдобри стартапи во виртуелната реалност во Јапонија досега заедно имаат собрано инвестиции од 60 милиони долари.

Тамаки почнала да работи во хаптички лаборатории откако во доцните тинејџерски години имала искуство блиску до смртта поради својата вродена срцева маана. Таа додека била во болница дошла на идеја да создаде технологија која ќе овозможи поврзување на физичкото искуство со компјутерите и откако докторирала инженеринг на Универзитетот во Токио ја соосновала својата компанија.

- Advertisement -

„Сфатив дека животот е драгоцен. Одлучив да работат на нова област каде што навистина сакам да истражувам, Во тоа време никој не работеше на истражување на тоа поле“ вели Тамаки, пренесува Financial Times.

Тамаки вели дека технологијата на која работат може да се користи во игри, но може луѓето да ја користат и за да почувствуваат неки настани од виртуелниот свет во реалниот свет.

„Луѓето како мене кои не можат често да излегуваат поради здравствени проблеми (јас немам доволно мускули поради срцевата маана) на овој начин можат да патуваат каде и кога било“ вели Тамаки.

(Financial Times)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -