НАСА откри 5.000 егзопланети

- Advertisement -

Потрагата по планети надвор од нашиот сончев систем достигна голем праг. Имено, астрономи од НАСА го потврдија откривањето на 5.000-тата планета надвор од Сончевиот систем, со потенцијални стотина милијарди планети во нашата галаксија кои остануваат да бидат пронајдени.

Прагот беше надминат оваа недела откако нова серија од 65 егзопланети беа потврдени од сигнали добиени од вселенскиот телескоп Kepler K2, со што вкупниот број на откриени егзопланети достигна 5.005. Меѓу нив е и новиот систем од пет мали планети кои кружат околу ѕвезда црвено џуџе позната како K2-384, на сличен начин како познатиот систем TRAPPIST-1. Најголем дел од останатите новооткриени планети се супер-Земји и мини-Нептуни, како и неколку светови со големина на Јупитер.

- Advertisement -

Досега откриените над 5.000 егзопланети може да се поделат на една третина кои се состојат од гасови, како што се Јупитер и Сатурн, потоа ледени џинови како Нептун и Уран и карпести супер-Земји. Помалите планети слични на Земјата и Марс се само мал дел од досега откриените планети. Најголем дел од досега откриените планети се наоѓаат космички гледано во близина, што упатува на тоа дека има несогледлив број на светови кои чекаат да ги откриеме.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -