Новите авиони на Airbus ќе знаат кога ќе го откопчите сигурносниот појас

- Advertisement -

Тие кои често патуваат со авион знаат дека авионите не ви нудат приватност, дека има детални контроли и скенери. Активниот надзор престанува кога ќе седнат во своето седиште. Но, сега и тоа ќе стане минато.
Компанијата Airbus претстави иновација која ќе овозможи екипажот во авионите со помош на сензори да го надгледува авионот, вклучувајќи ги и тоалетите. Екипажот ќе може да следи колку време поминуваат патниците во тоалет и дали го закопчале појасот. 
Airbus ќе овозможи авиокомпаниите да купат камери кои ќе ги поставуваат надвор од тоалетите и ќе го следат бројот на патници во ред и така ќе помогнат во собирањето  податоци за времето на чекање, кое наводно ќе се користи за оптимизација на стратегиите и подобрување на искуството на патниците.

Сподели!
- Advertisement -