Велика Британија прва во светот ќе има летачки болничари

- Advertisement -


Во моментот кога некому му е потребна итна помош битна е секоја минута, но често поради сообраќаен метеж, голема оддалеченост или непрооден терен итната помош стигнува предоцна. Тоа наскоро изгледа ќе се смени во Велика Британија.

- Advertisement -

Болничарите од Лејк Дистрикт летово на интервенции ќе одат опремени со мотори на млазен погон, односно џет. Првиот таков болничар веќе ги заврши обуките, а се очекува наскоро да бидат обучени уште двајца такви болничари.

Се очекува дека кога ќе бидат целосно едуцирани ќе можат за само 90 секудни да го поминат патот за кој инаку им требаат 30 минути одење. Тоа, воедно, ќе биде и прво користење на костим на млазен погон за медицински цели.

- Advertisement -

Како што пишува BBC, костимот се состои од два мали млазни мотори кои се ставаат на рацете и еден поголем кој се носи на грбот. Комбинацијата од обвие мотори му овозможува на болничарот да лета и да управува.

Во Great North Air Ambulance (GNAA), кои ќе ги користат овие два костими, се уверени дека ќе бидат многу корисни и дека ќе се користат во 15-20 случаи неделно и тоа која не е возможно да се користи хеликоптер. Имено, на хеликоптето му требаат 25-30 минути за да дојде до пациент во Лејк Дистрикт и тоа под услов да има каде да се спушти на брдовитиот терен. Проблемот е во тоа што ветрот и лошата видливост може дополнително да го оневозможат летањето.

- Advertisement -

За летачкиот болничар тоа нема да биде проблем. Благодарение на млазниот мотор, кој го направи британската компанија Gravity Industries, болничарите ќе можат да летаат и кога ветрот ќе дува со јачина од околу 50 км на час.

Покрај кстимот и моторите, болничарот ќе носи и 10-15 кг медицинска опрема, меѓу која и дефибрилатор и монитор за надлгедување на животните функции на пациентите. Токму летањето со таа опрема е посебен предизвик за болничарите, но обуките кои ги прават треба да им помогнат да се навикнат на различни узлови.

Оваа програма требало да стартува уште во 2020 година, но поради пандемијата била стопирана.

(Dnevnik.hr)

(фото: GNAA)

Сподели!
- Advertisement -