Apple наводно работи на воведување претплата за iPhone и iPad како дел од услугата претплата на хардвер, се вели во нов извештај на Bloomberg. Овој потег е сосема логичен и соодтветсува на напорите на Apple кон целосни услуги на претплата.
Во последните неколку години Apple се повеќе ја нагласува претплатата за услуги како Apple Music, Apple TV Plus, Apple News Plus, Apple Fitness Plus и Apple Arcade, како клучни нови извори на приходи за компанијата. Многу од тие услуги веќе се обединети во Apple One пакетите на компанијата.
„Веќе видовме слична промена на полето на хардверот. Apple додаде модел на месечна претплата за својата AppleCare продолжена гаранција уште во 2019 година, а ја понуди и својата iPhone Upgrade Program, која овозможува корисниците да платат за комбинирани трошоци за AppleCare и iPhone во текот на 24 месеци и можност за тргување со своите уреди после 12 месеци плаќање уште од 2015 година. И двете програми на многу начини личат на претплата на хардвер“ се вели во извештајот.
Според извештајот на Bloomberg, месечниот надомест не би бил едноставно цената на уредите поделена на 12 или 24 месеци, туку би била уште неодредена месечна цена, потенцијално со опција за надградба на новиот хардвер кога ќе биде објавен. И како и другите претплати на Apple, би била поврзана за постоечки кориснички Apple ID профил, со можност за поврзување во AppleCare или Apple One услугите.
Моментално можете да плаќате месечно за услугите на Apple, а можете да плаќате месечно и за iPhone, но тоа се посебни давачки и планови за управување. Тешко е да се замисли дека Apple едноставно ќе позајмува уреди на месечна база затоа што прашање е дали навистина ќе може да се пласи само за „претплата“ на iPhone на еден месец, како што може да Apple TV Plus. Можно е Apple едноставно да сака да ги отстрани посредниците и да ја прошири својата понуда за плаќање на рати на други производи.
(Klix.ba)
(фото: YouTube)