Студија предвидува дека Илон Маск ќе биде првиот трилионер до 2024 година

- Advertisement -

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, е на добар пат да стане првиот трилионер во светот во 2024 година, покажа новата студија на Tipalti Approve, објавена денес.

Од 2017 година богатството на Маск годишно се зголемува со стапка од 129%, што потенцијално ќе го стави на прво место во клубот на трилионери за само две години отсега, достигнувајќи нето-вредност од 1,38 трилиони долари до 2024 година на возраст од 52 години. SpaceX генерира масивни приходи од владини и комерцијални клиенти за испраќање пратки во вселената“ се вели во извештајот на Approve report stated.

- Advertisement -

Во истражувањето било споредувано нето-богaтството на најбогатите луѓе во светот и се проценувало колку брзо ќе достигне трилион долари врз основа на просечниот годишен раст.

Во јануари годинава Маск стана најбогатиот човек во светот и го надмина основачот на Amazon, Џеф Безос, според индексот на милијардери на Bloomberg, кој е сеопфатно рангирање на 500 најбогати луѓе во светот.

- Advertisement -

Нето-богатството на Маск тогаш изнесуваше 188,5 милијарди долари или 1,5 милијарди долари повеќе отколку на Безос. Маск сега вреди многу повеќе од 200 милијарди долари.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -