- Advertisement -
Блокчеин компанијата Ronin вчера објави дека хакери од системот им извлекле 615 милиони долари вредни криптовалути. Тоа е воедно и најголемата кражба на криптовалути во историјата.
Како што објавија, неименувани хакери на 23 март украле 173.600 токени на етер и 25,5 милиони токени на USD Coia. Вкупната вредност на тие криптовалути моментално изнесува 614 милиони долари.
- Advertisement -
Компанијата ја открила кражбата вчера.
„Соработуваме директно со повеќе владини агенции за да се осигураме дека криминалците ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“ соопштија од компанијата, која во својата работа главно се фокусира на видеоигрите.
- Advertisement -
(Zimo)
(фото: Quote Inspector)
- Advertisement -