Направени првите 3Д печатени таблети за персонализирано лекување

- Advertisement -

Една од многуте можни примени на 3Д печатењето е создавање на персонализирани лекови во кои дозите се комбинираат според потребите а поединците. Новиот напреодк на ова поле покажа дека сите тие видови лекови може да се произведуваат на лице место и по потреба благодарение на технологијата која печати таблети за само неколку секунди.

Новиот напредок е дело на научници од Универзитетскиот колеџ Лондон, кои се послужиле со техниката за 3Д печатење позната како фотополимеризација. Во контекст на производството на лекови оваа метода вклучува смола која содржи истопени лекови и фотореактивна хемикалија, која може да се зацврсти со помош на светлина при печатењето во форма на таблети.

- Advertisement -

Како што е типично за 3Д, смолата се екструдира слој по слој за да се формира саканиот предмет, што трае неколку минути, а тимот на Универзитетскиот колеџ Лондон тоа време го скратил на само неколку секунди преку манипулација со светлината на многу контролиран начин.

Техниката се вика волуметриско 3Д печатење, а наместо слој по слој,истовремено ја стврднува целата структура на смолата. Тоа го прави така што смолата се осветлува од различни агли, прилагодувајќи го интензитетот на светлината додека не се случи истовремена полимеризација.

- Advertisement -

Научниците го искористиле овој метод за да направат 3Д печатени таблети наполнети со парацетамол за само 17 секунди. Со прилагодување на составот на смолата тимот успеал и да ја намести саканата брзина на ослободување на лекот од таблетите. Воедно, тоа овозможило уште побрзо печатење на некои таблети – во некои случаи за само 7 секунди.

Парацетамолот го користеле само како тест модел во експериментите, но научниците велат дека тоа е само еден од лековите кои може да се стават во такви таблети. Тие веруваат дека оваа технологија ќе се користи во брзи клинички средини, каде што пациентите би добилае лекови прилагодени на нивните индивидуални потреби.

- Advertisement -

Истражувањето е објавено во списанието Additive Manufacturing.

(Vidi.hr)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -