Exxon Mobil ќе го користи природниот гас за рударење биткоин

- Advertisement -

Што би направиле со природниот гас кој го имате како нуспроизвод ако сте еден од најголемите провајдери на енергија во светот? Е па Exxon Mobil има иновативно решение за негова примена, покажа новиот извештај на Bloomberg објавен во четвртокот. Според извештајот, компанијата ќе го зема нуспроизводот природен гас, кој во спротивно би бил согорен во бушотините на нафта во Северна Дакота, и ќе го користи за рударење криптовалути.

Според анонимни извори, нафтениот гигант го почнал пилот проектот во соработка со Crusoe Energy Systems Inc. за да го вади гасот од бушотините во басенот Бакен шејл и да го користи за напојување на сервери за рударење биткоин. Иницијативата почнала во јануари 2021 година. Се проценува дека проектот ќе користи 0,5 милиони кубни метри гас месечно, кој инаку би бил отпаден материјал.

- Advertisement -

„Постојано правиме анализа на новите технологии кои би ја намалиле количината природен гас кој го добиваме како нуспроизвод при нашата работа“, велат од Exxon Mobil. Додаваат и дека очекуваат да ги исполнат таргетите од Светска банка за ставање крај на произведувањето природен гас како нуспроизвод до 2030 година.

Бидејќи производителите на нафта и гас се соочуваат со поголем јавен притисок за да ја намалат емисијата на стакленички гасови, новиот пилот-проект на нафтениот гигант е токму на место. Со тој проект не се намалува емисијата на штетни гасови при активностите на Exxon Mobil, но се осигуруваат дека гасовите испуштени при тие процеси нема да завршат како отпад во атмосферата и наместо тоа ќе се употребат за нешто корисно – рударење биткоин.

- Advertisement -

Рударењето биткоин е процес кој троши многу повеќе електрична енергија отколку цели земји.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -