ВИДЕО: Ова е најтенкиот механички часовник во светот

- Advertisement -

Италијанскиот луксузен бренд Bulgari го претстави најтенкиот механички часовник во светот. Часовникот се вика Octo Finissimo Ultra и е доказ дека не мора се да биде дигитално и електронски за да биде интересно за луѓето.

Но, тоа не значи дека не била користена најнапредна технологија за да се произведе. За да направи таков тенок механички рачен часовник Bulgari морал да осмисли иновации за составување на стаклото и да се позанимава со елементи како структурата на „барабанот“, модулот на осцилаторот, диференцијалниот екран, модуларната структура, биметалното кучиште и централната главна плоча на куќиштето.

- Advertisement -

И покрај плоснатиот изглед, Octo Finissimo Ultra сепак се навива рачно. На него има изгравиран и QR код кој кога ќе се скенира се отвораат интернет материјали вклучувајќи интервјуа, правење видеа, 3Д виртуелна прошетка низ часовникот и пристап до ексклузивно NFT уметничко дело, кое е гаранција за автентичноста на часовникот. Освен тоа, одредени компоненти морале да бидат така направени зада вршат четири функции наместо една.

Со други зборови, иако е механички, часовникот е извонредна иновација сам по себе.

- Advertisement -

„Моравме да ги прекршиме правилата не само во поглед на дизајнот на подвижните делови, туку и на куќиштето, задната страна и деловите на склопување. За да постигнеме толку мала дебелина не само што моравме да го преиспитаме начинот на кој размислуваме, туку и да користиме и широк распон на вештини, да играме со повеќе материјали и да се прилагодиме на многу нови ограничувања” вели Фабрицио Буонaмаса Стиглиани, извршен директор на одделот за креирање производи во Bulgari.

Octo Finissimo Ultra е произведен во многу ограничена серија од само 10 примероци и ќе чини 440.000 долари.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Bulgari)

Сподели!
- Advertisement -