Вештачка интелигенција победи осум светски шампиони во бриџ

- Advertisement -

Вештачката интелигенција победи осум светски шампиони во бриџ, играта со карти во кои досега луѓето доминираа врз најсовршените компјутери.

Победата претставува нова ера за вештачката интелигенција, бидејќи во бриџ играчите располагаат со нецелосни информации и мораат да реагираат на однесувањето на другите играчи, сценарио кое е многу блиско до човечкото носење одлуки.

- Advertisement -

Спротивно на тоа во игрите како што се шахот или Го, каде вештачката интелигенција веќе ги има победено најголемите шампиони меѓу луѓето, играчот има само еден противник и двајцата ги имаат сите потребни информации на самиот почеток од играта.

„Она што го видовме претставува фундаментално важен напредок во состојбата со системите на вештачка интелигенција“, вели Стивен Мугелтон, професор за машинско учење на Кралскиот колеџ во Лондон, пишува Гардијан.

- Advertisement -

Францускиот стартап „NukkAI“ ја соопшти оваа новост во петокот, по завршувањето на дводневниот турнир во Париз. Предизвикот на компанијата се состоеше во тоа светските шампиони да одиграат 800 последователни делења во бриџ, но без почетната компонента на играта каде играчите наддаваат и постигнуваат согласност за сума која потоа мора да ја достигнат играјќи со нивните карти.

Секој од шампионите играл против дотогаш најдобрите компјутери во бриџ во светот, кои сепак не биле ниту блиску до нивото на кое се наоѓаат најдобрите луѓе во играта. Потоа вештачката интелигенција, наречена „Нук“ играла во истата улога на светските шампиони, со исти карти и против ист противник. Резултатите потврдиле дека вештачката интелигенција играла подобро од луѓето во 83% од партиите.

- Advertisement -

Истражувачката Вероник Вентос, која е косопственик на „NukkAI“ го нарече „Нук“ вештачка интелигенција од новата генерација, бидејќи ги објаснува одлуките кои ги носи.

„Во бриџ не можете да играте доколку не објасните“, вели таа поради тоа што играта се игра со партнер.

Објаснувањето е жешка тема во светот на вештачката интелигенција. За разлика од досегашните системи базирани на машинско учење, кои не можат да објаснат на луѓето како доаѓаат до своите одлуки, „Нук“ функционира на различен начин. Наместо другите системи, кои учат играјќи милијарди партии од играта, системот на француската компанија прво ги учи правилата на играта, па потоа се подобрува низ вежбање.

Целиот текст на Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -