Многу е веројатно дека Украина годинава нема да може да направи жетва и да произведе каква било количина пченица поради руската инвазија во земјата, тврсат извори блиски до француската влада, а пренесува CNN.
Борбите кои се водат и недостигот на земјоделска работна сила значат дека ќе биее сктремно тешко да се направи каква било жетва или сеидба, тврсат тие извори. Според нив, Украина е многу битен играч за баланс на светскиот пазар за храна.
Украинската влада претходно забрани извоз на земјоделски производи, вклучувајќи и пченица, пченка, сол и месо. Организацијата на ОН за храна и земјоделство на 11 март предупреди дека руската инвазија на Украина ќе доведе до пореметување на жетвата и извозот од Украина и дека поради борбите и санкциите за Русија ќе дојде до пораст на цените на храната.
Пред инвазијата Украина беше на пат кон историски висок извор на пченица. Рускиот извоз сега исто така забавува, известуваат од американскиот оддел за земјоделство. Франција, која ја води иницијативата FARM (Мисија за отпорност на храната и земјоделството), на 24 март објави дека краткорочно за цел ќе има да се задржат отворени границите и протокот на житарки, со акцент на транспарентноста на цените и одрваќањето од правење залихи.
Од прекинот на извозот на храна од Украина особено ќе бидат погодени земјите од Блискиот Исток.
(Bizlife)
(фото: Flickr)