Индија може да стане трета најголема економија во светот до 2027 година

- Advertisement -

Индија може да стане трета најголема светска економија до 2027 година, со бруто домашен производ од 5 трилиони долари, објави тамошното Министерство за финансии.

Во моментот Индија е петта најголема економија во светот, зад САД, Кина, Јапонија и Германија. Фискалната 2024 година во Индија почнува на 1 април 2023 година, а завршува на 31 март годинава. Министерството за финансии на Индија очекува економски раст од 7% меѓугодишно или дури над 7% во овој период.

- Advertisement -

Ако оваа прогноза да оствари, за Индија тоа е биде трета фискална година по ред со економски раст од 7%.

” Домашната побарувачка, односно приватната потрошувачка и инвестициите се последица на реформите и мерките кои владата на Индија ги спроведе во последните десет години’ велат властите.

- Advertisement -

Оттаму очекуваат економскиот раст на Индија да продолжи и идната фискална година и повторно да изнесува околу 7%.

(Tanjug)

Сподели!
- Advertisement -