Нов ултразвучен метод може успешно да лечи дијабетес тип 2

- Advertisement -

Само во САД 37 милиони луѓе имаат дијабетес, што е еднакво на 1 од 10 луѓе, покажуваат податоците на Центарот за контрола и превенција на болести. Од нив 90% до 95% имаат дијабетес тип 2, состојба во која има премногу шеќер во крвта затоа што телото не може ефективно да го регулира поради проблеми со хормонот наречен инсулин. Неколку студии покажаа дека оваа болест го зголемува ризикот од појава на други болести.

Сега нова студија предводена од Медицинската школа на Универзитетот Јеил и Фајнстајн институтот за медицински истражувања покажа дека дијабетес тип 2 може да се третира без лекарства.

- Advertisement -

Во студијата објавена во весникот Nature Biomedical Engineering тимот предводен од GE Research, гранка на General Electric, откри нова неинвазивна ултразвучна техника која може да стимулира одредени нерви во црниот дроб. Процедурата се вика перифермна фокусирана ултразвучна стимулација (peripheral focused ultrasound stimulation – pFUS) и ги насочува висококонцентрираните ултразвучни пулзирања на одредени ткива кои содржат нервни завршетоци.

„Ја употребивме техниката за да истражиме стимулација на дел од црниот дроб наречен порта хепатис. Таму се наоѓа хепатопорталниот нерв плексус, кој пренесува информации за глукозата и хранливиот статус до мозокот, но тешко беше да се истражува затоа што неговата нервна структура е многу мала за одделно да се стимулира со вградени електроди“ велат истражувачите.

- Advertisement -

Користејќи три различни животински модели на дијабетес (глувци, стаорци и свињи) истражувачите покажале дека краткотрајните ултразвучни бранови насочени директно на посебен кластер на нерви во црниот дроб можат успешно да го намалат нивото на инсулин и на глукоза.

Само три минути концентрирани ултразвучни бранови дневно биле доволни за да се одржува нормално нивото на глукозата во крвта кај глувците со дијабетес. Моментално истражувачите спроведуваат тестирања за изводливоста на ваквите експерименти кај група луѓе со дијабетес тип 2 за да утврдат дали оваа стратегија може да се користи и кај луѓето.

- Advertisement -

Тоа значи дека можеби се наближува денот која дијабетичарите нема да мора да постојано да го следат нивото на шеќер во крвта, да ставаат инјекции инсулин или да земаат лекови.

(Interesting Engineering)

(фото: Pixabaz)

Сподели!
- Advertisement -