Изгледа дека Норвешка може да биде првата држава во светот во која ќе се продаваат исклучиво електрични возила. Иако некои оптимистични најави велеа дека годинава би бил крај за безнинците и дизелашите, Норвежаните изгледа ќе мора малку да почекаат уште малку. Планот е сите нови автомобили да бидат карбнски неутрални до 2025 година.
Дека се на добар пат да го остварат покажуваат податоците од автомобилскиот пазар за првиот квартал од годинава. Во периодот од јануари до март во земјата се продадени 32.342 автомобили, од кои дури 26.800 се електрични, што претставува удел од речиси 83%. Шро се однесува на бензинците и дизелашите, во текот на првите три месеци нивната продажба паднала на само околу 2.000 возила, додека остатокот од продадените возила се хибридни. Ако анализираме по месеци, уделот на електрични автомобили бил највисок во март, кога достигнал 86%, од што дури 30% се возила на Tesla.
Моделот Y зазема 20%, додека Model 3 зазема 10% од пазарот. Меѓу топ 5 најпродавани електрични возила во Норвешка се и VW ID.4, кој има удел од речиси 8%, па следува Audi Q4 e-tron со 4,1% и Hyundai IONIQ 5 со 3,6%.
Со оглед на тоа дека популарноста на електричните возила е се поголема, јасно е дека нивната продажба и уделот на пазарот ќе се зголемува. За целата измината година уделот на автомобилите со електрични мотори во Норвешка изнесувал 65%, што е пораст од околу 10% во однос на 2020 година.
(Tech Times)
(фото: Wikimedia)