На Меѓународната вселенска станица се изработува телескоп со течна леќа

- Advertisement -

Меѓу експериментите кои ќе ги прават приватните астронаути на Меѓународната вселенска станица е и проектот FLUTE (Fluidic Telescope Experiment), чија цел е да и помогне на НАСА во изработката на идните вселенски телескопи кои ќе бидат поголеми од постоечките.

FLUTE е програма дизајнирана за истражување на користењето течности за изработка на телескопски леќи, што би можело да се прави во вселената после лансирањето на материјалите.

- Advertisement -

Специјалистот за мисии Ејтан Стибе ќе изведе експеримент во кој ќе демонстрира технологија за изработка на течни леќи од течни полимери, кои се зацврстуваат со ултравиолетова светлина или со промена на температурата. Од НАСА велат дека процесот е релативно едноставен, сличен на правењето акрилни нокти во козметички салон. Идејата е да се користи микрогравитацијата за да се обликуваат леќите.

„Во микоргравитација течностите попримаат форми кои се корисни за изработка на леќи и огледала, па ако ги направиме во вселената, би можеле да се користат за изработка на телескопи кои се драстично поголеми отколку што се мислело дека е возможно” вели Едвард Балабан, истражувач во Истражувачкиот центар на НАСА во Амес и главен научник на проектот FLUTE.

- Advertisement -

Тој додава дека оваа техника би била дури и полесна од моменталните процеси за производство на леќи.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -